Почина најубавата жена на Југославија – по долга и тешка болест ја загуби најважната битка

Почина Лидија Маниќ, поранешна Мис Југославија и една од најпознатите убавици од овие простори.

Таа ја загуби битката по долго и тешко боледување, оставајќи зад себе богата кариера и спомени кои ќе останат запаметени.

Лидија Маниќ беше родена во 1959 година во Пирот, а детството го поминала во Обреновац.

Иако сонувала да стане професор по биологија, судбината ја однела во светот на манекенството и изборите за убавина, каде што ја освоила титулата Мис Југославија.

Како претставничка на Југославија на светската сцена, таа ја доби титулата Мис фотогеничност на изборот за Мис Универзум во Ел Салвадор, а најголемиот успех го постигна во Јапонија, каде што беше крунисана со титулата Мис Интернешенел.

Нејзината убавина, харизма и животна приказна ја направија една од најпрепознатливите жени од поранешна Југославија, а веста за нејзината смрт растажи многумина ширум регионот.

Advertisements