„Понекогаш зборовите не се доволни“ – Игор Џамбазов со емотивна порака се прости од Владо Јаневски

Македонскиот шоумен, актер и музичар Игор Џамбазов со емотивна објава на социјалната мрежа Инстаграм се прости од својот колега и пријател, легендарниот пејач и кантавтор Владо Јаневски, кој почина на 66-годишна возраст по кратко боледување.

„Збогум Владо… Понекогаш зборовите не се доволни. А понекогаш се излишни. Слава ти! И ти благодарам за сè што направи…“, напиша Џамбазов, испраќајќи му последен поздрав на еден од најзначајните македонски музичари.

Веста за смртта на Владо Јаневски ја потресе македонската јавност и музичката сцена. Со децении беше препознатлив по својот специфичен вокал, авторски печат и бројните безвременски хитови што оставија силен белег во македонската поп-музика.

Јаневски важеше за еден од најценетите кантавтори и вокалисти во земјата, а неговите песни и денес ги пеат различни генерации. Зад себе остави богато музичко наследство кое ќе продолжи да живее преку неговите дела, како и неизбришлива трага во македонската култура и естрада.