Колегите не можат да се помират со загубата: Позната пејачка почина прерано

Пејачката Маријана Томиќ почина на 39-годишна возраст, по тешко боледување, само еден ден пред својот 40. роденден. Веста за нејзината смрт предизвика голема тага кај семејството, пријателите, колегите и бројните луѓе кои ја познаваа.

Тажната вест ја потврдија од страницата „Музичке легенде Зрењанина“, каде со емотивна објава се простија од својата колешка.

„Со голема тага ја примивме веста дека нè напушти нашата колешка, пејачката Маријана Томиќ. Со својот глас, насмевка и ведар дух со години разубавуваше многу прослави и остави неизбришлива трага во животите на луѓето кои имаа среќа да ја познаваат. Нејзината љубов кон музиката беше искрена и несебична, а споменот за неа ќе живее преку песните што ги пееше и во срцата на сите што ја сакаа“, стои во објавата.

Во продолжение се наведува дека особено боли фактот што Маријана починала само еден ден пред својот 40. роденден.

„Прерано замина. Болеста, за жал, беше посилна, но таа засекогаш ќе остане дел од музичкото семејство на Зрењанин. Изразуваме најдлабоко сочувство до нејзиното семејство, пријателите, колегите и сите што тагуваат по неа. Почивај во мир, Маријана“, се додава во пораката.

Маријана Томиќ е родена на 28 јуни 1986 година, а почина на 27 јуни 2026 година.

Advertisements

Со години се занимаваше со музика и настапуваше на бројни прослави, а оние што ја познаваа велат дека пееше пред сè од љубов, без желба за голема медиумска слава.

Од неа се прости и пејачот Сале Талас, кој на својот профил на Инстаграм објави црно-бела фотографија од Маријана со емотикони што плачат, изразувајќи ја својата тага поради нејзината прерана смрт.