Компанијата КАМ соопшти дека годинава ќе им исплати рекорден регрес во износ од 52.000 денари на своите вработени, продолжувајќи ја практиката на вложување во подобри услови за работа и вреднување на трудот на својот тим.
Од компанијата истакнуваат дека одлуката е дел од нивната долгорочна стратегија за грижа за вработените и создавање работна средина во која секој член на тимот се чувствува ценет, поддржан и мотивиран.
„Со задоволство информираме дека оваа година на вработените во КАМ ќе им биде исплатен рекорден регрес од 52.000 денари. Оваа одлука е дел од континуираната пракса на компанијата за унапредување на условите за работа и вреднување на трудот на вработените“, наведуваат од КАМ.
Во соопштението се додава дека компанијата останува посветена на градење организациска култура во која луѓето се најважниот ресурс.
„Во КАМ се стремиме да градиме средина во која луѓето се поддржани, ценети и мотивирани да придонесуваат секој ден. Со исплатата на рекорден регрес испраќаме јасна порака за значењето на луѓето во нашиот систем“, истакнуваат од компанијата.
Од КАМ упатија благодарност до сите свои вработени за нивната посветеност, професионалност и придонес во текот на изминатата година, нагласувајќи дека токму нивната работа е клучна за успехот и развојот на компанијата.
Исплатата на регресот од 52.000 денари претставува една од највисоките суми што компанијата досега им ја доделила на своите вработени и уште еднаш ја потврдува определбата на КАМ да инвестира во својот кадар и да ги наградува резултатите и посветеноста.



