(ВИДЕО) Зеленски: Иднината ќе биде украинска, Западот повеќе не се плаши од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се обрати пред Врховната Рада со пораки поврзани со внатрешната и надворешната политика, пренесува Украинска Правда.

Во обраќањето кое траеше 52 минути, Зеленски истакна дека иднината ќе биде украинска.

Украина, додаде тој, стана еден од лидерите на слободниот свет и му помогна на Западот повторно да се најде себеси.

Advertisements

„Западот повеќе не се плаши од Русија“, порача тој.

Тој исто така рече дека украинскиот воено-индустриски комплекс ќе биде еден од најпрогресивните, а целта е да се врати територијалниот интегритет на Украина и да се ослободат сите оние кои сега се во заробеништво. Од почетокот на војната, Украина успеа да ослободи 1456 луѓе.

Зеленски истакна и дека обновата на Украина по војната ќе биде најголемиот економски проект во Европа. Тој побара од пратениците да развијат законска рамка за поттикнување на бизнисот во Украина.

Претседателот на Украина додаде дека милиони Украинци во странство не треба да станат бегалци и дека вреди да се вратат оние што заминале.