Ковачевски: Следната 2023 година нема да биде изборна

Следната 2023 година нема да биде изборна, бидејќи сè уште трае скринингот и ние најверојатно нема да направиме да се прекине скринигнот сега, по 17 години чекање – изјави премиерот Димитар Ковачевски вечерва во интервју за МРТ.

„Скринингот треба да заврши во ноември 2023 година. Второ, енергетската криза нема да застане и економската криза, би требало да бидат функционални институциите кои што ќе се справуваат со неа. Трето, имаме за носење голем број одлуки во Собранието кои што бараат широк општествен и политички консензус и кој што консензус нема да го обезбедат избори. Јас гледам некои политички партии велат ние ќе гласаме доколку има избори“, рече Ковачевски.

Според него, поддржување избори на сметка на стратешки прашања е апсолутно несоодветно.

Advertisements