(ФОТО) Трагедија во Свети Николе поради невозвратена љубов – Пукал во девојката, па се самоубил

Утринава околу 8 часот во Свети Николе се случил обид за убиство, по кој следувало и самоубиство, дознава Глаголица.

Трагедијата се случила пред средното училиште „Кочо Рацин“, кога млад маж на возраст од околу четириесетина години, движејќи се со автомобил со пиштол пукал кон девојка која одела на работа со намера да ја убие.

По обидот за убиство, машкото лице во автомобилот, со кој се уште се движел по улицата, извршил самоубиство.

Advertisements

Како што дознава „Глаголица“ од лица кои биле очевидци на овој немил настан, девојката била ранета.

Неофицијално, причината за трагичниот настан е невозвратена љубов.

МВР го потврди немилиот настан.

„Денеска (31.12.2022) во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во 07:50 часот пред пензионерски дом Т.А.(43) од Свети Николе со пиштол пукал кон О.Б.(32) од истиот град при што таа се здобила со повреда, констатирана во Клиничката болница Штип, а потоа Т.А. пукал во себе, по што починал“, велат од МВР.

Извршен е увид од јавен обвинител и полициски службеници од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ФОТО: Глаголица