Tеатарот „Арчимболди“ во Милано го откажал настапот на балетанoт Сергеј Полунин затоа што имал тетоважи на рускиот претседател Владимир Путин.
Тој требало да настапи во овој театар на 28. и 29. јануари, а на веб-страницата на театарот објавија дека решиле да ја откажат неговата изведба на балетот по бројните реакции на социјалните мрежи. Ваквата одлука ја донеле, како што велат, од политичка и морална одговорност.
Ројтерс објави дека балетската претстава „Rasputin – Dance Drama“ требаше да се изведе во 2019 година, но е одложена.
Сергеј е поранешен директор на Кралската опера во Лондон.
Роден е во Украина, а руско државјанство добил во 2018 година. Овој септември тој изведе танц во воена униформа за паднатите руски војници во Узбекистан. Узбекистанските власти тогаш изјавија дека тој отстапил од договорената програма.