ВМРО-НП: Палењето бадникарски огнови не е во согласност со православната црква и со македонскиот идентитет

ВМРО-Народна партија ја повика Македонската православна црква годинава посериозно да им објасни на верниците дека палењето бадникарски огнови не е во согласност со православната црква ниту со македонскиот идентитет.

„Во контекст на палењето бадникарски огнови ја повикува Македонската православна црква, иако претходно многу пати го кажувала својот став оваа година посериозно да се ангажира во објаснувањето на македонските православни верници дека овој обичај односно палењето на огновите воопшто не е согласно ниту православната црква ниту со македонскиот идентитет кој напротив е директна идентитетска негација“, се наведува во писмената реакција од партијата.

Од ВМРО-НП посочуваат и дека огновите значително придонесуваат за еколошката катастрофа која би се предизвикала во време на енормно загадување на воздухот.

Advertisements