Слави Трифонов, лидерот на бугарската партија Има таков народ предизвика бура од реакции во тамошната јавност откако на Фејсбук објави песна и спот за Лена Бориславова, поранешната шефица на кабинетот на екс премиерот Кирил Петков.
Додека Петков и Бориславова работеа заедно имаше и афера дека се во љубовна врска, а беше објавена и видео снимка како влегуваат во стан.
Во песната младата политичарка е опеана, како гладна хиена, а има и друга навредлива содржина, па бугарските медиуми најавуваат дека ќе следи тужба од Бориславова чии политички настапи и прес конференции додека беше во кабинетот на Петков се содржани и во спотот на Трифонов.
„Драги шарлатани, не заборавајте дека во животот покрај лагите за „Капетан Андреево“ и за мафијашите има и хумор. Да се смееме заедно“, пишува Слави Трифонов на Фејсбук.