Потпретседателот на ДУИ и дел од т.н. „огнена група“, Изет Меџити на својот Фејсбук профил упати порака до Артан Груби, како одговор на видеото кое вчера беше објавено, а на кое се гледа како Али Ахмети пее. Меџити објавувањето го оценува како злоупотреба и обид за дефокусирање од проблемите, притоа порчувајќи дека ДУИ мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и неспособните.
„Снимањето на Али Ахмети како пее и потоа објавување на истата снимка за да се дефокусира мислењето од вистинскиот проблем, е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ. Снимањето на Али Ахмети и зачувувањето на овие видеа за користење кога ви одговара е неточно и се чини дека тоа не се случува првпат. ДУИ мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и неспособните!“, пишува Меџити.
Со оглед на тоа што Меџити споделува и притнскрин од објава на Груби, очигледно е дека на него е упатена проаката.
Видеото на кое Ахмети пее, дел од албанските медиуми го протолкуваа како негов одговор на „огнената група“ од партијата чии членови ден претходно од Студеничани му порачаа „да не го пали јорганот за неколку болви“