На едно четиричлено семејство во декември минатата година му биле потребни 51.235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка.
За преживување според пресметките на синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ, во јанауари 2022 година му биле потребни 31.811 денари. Вредноста на кошничката го бележи најголемото зголемување од 2011 година од кога и ССМ ја пресметува, па така во декемри 2022 година изнесува 43.163 денари.
Ако се пресмета и огромната инфлација, таа изнесува 51.234 денари или во спредба со почетокот на годината зголемена е за 15.424 денари, соопштија денеска од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ)
Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во декември 2022 година, на четиричлено семејство му биле неопходни 19. 226 денари за исхрана и пијалаци, 13. 093 денари за домување, 3. 050 денари за одржување на хигиена, а 3. 668 денари за превоз.
За облека и обувки едно семејство во декември требало да издвои 2. 255 денари, за култура 1.067, а за одржување на здравје 801 денар.
Синдикатот пресмета дека вкупно на едно четиричлено му биле неопходни 43.163 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на живот, односно инфлацијата од 18,7 проценти или 8 071 денар се доаѓа до бројката од 51 234 денари.