Принцот Хари откри дека бил толку вознемирен поради смртта на неговата мајка, принцезата Дијана, што се свртел кон обилно пиење и земање дрога, вклучително и кокаин, за да се справи со тагата. Војводата од Сасекс го призна ова во интервју со Андерсон Купер во емисијата 60 минути.
Андерсон го праша дали ги има обвинето папараците за нивната наводна улога во сообраќајната несреќа во 1997 година во која загина Дијана во Париз кога тој имаше само 12 години. Хари одговори дека како деца „ним им било јасно дека британските медиуми имаат улога во страдањето на неговата мајка“.
„Се свртев кон жесток пијалок затоа што сакав да ги отепам емоциите и да се одвлечам од него. Знаете, и јас користев дрога“, откри принцот, признавајќи му на Андерсон дека пушел трева и земал кокаин затоа што се чувствувал „безнадежен“ и „изгубен“ во доцните 20-ти.
Хари исто така откри дека „не можел да плаче поради смртта на мајка му поради товарот што го чувствувал“, па затоа се обидел со „експериментален третман користејќи халуциногени печурки и други психоделици“. Тој додаде дека не им препорачува на луѓето да го користат рекреативно.
„Но, ако го правите тоа со вистинските луѓе, ако поминувате низ огромна загуба или тага или траума, тогаш тие работи функционираат како лек. Третманите ја одземаа мислата дека треба да плачам за да и докажам на мајка ми дека ми недостигаше, но навистина се што сакаше она е да бидам среќен“, рече тој.