Италијанците не сакаат да го слушаат Зеленски на Сан Ремо – „сакаме музика, а не воена пропаганда“

Музиката не смее да се меша со воена пропаганда, пишува во петицијата против „милитаризацијата“ на фестивалот Сан Ремо  пренесува РТС, откако се дозна дека  украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се обрати на овој познат фестивал кој ќе се одржи од 7 до 11 февруари.

„Војната не е спектакл. Посебно не во програмата на музичкиот фестивал“, изјави актерката и музичар Мони Овадија.

„Во средината на музичката програма, Зеленски ќе бара оружје, топови и тенкови, што е несоодветно за музички фестивал“, додаде ТВ водителот Марио Џордано.

Advertisements

„Ако Зеленски наоѓа време за таква работа, тогаш ОК. Само што јас од Сан Ремо очекувам да слушам песни“, изјавил вицепремиерот Матео Салвини.

Ова се само дел од реакциите во Италија откако медиумите објавија дека за време на преносот на последната вечер на на познатиот италијански фестивал било договорено, Зеленски да им се обрати на гледачите преку видео врска. Според соопштението, Зеленски изразил желба да пренесе порака за мир.