(ФОТО) Антониа Гиговска ги разочара фановите – ќе има само уште два настапи

Македонската пејачка Антонија Гиговска на Инстаграм објави дека се повлекува од музичката сцена.

„Антониа оди на заслужен одмор неколку месеци. Дојде моментот кога сакам малку да се опуштам и да се посветам на себе и на она што доаѓа…“, напиша пејачката на Инстаграм и откри дека ќе паузира од настапи и ќе се посвети на бременоста и нови песни.

Таа објасни дека нема да настапува извесен период, ама ќе работи во студио на нови песни.

Advertisements

„Едвај чекам повторно да се дружиме на настапите, а до тогаш слушајте ја мојата музика и уживајте.
Кој знае колку ќе ми недостигате. Наскоро ќе ја видите новата Антониа. Јас мислам ќе ви се допадне. Последните 2 настапи ми се во Куманово и Гевгелија.““, вели младата пејачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)