Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ) донесе нова одлука со која од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е V) за 0,50 денари за литар, а на бензинот Еуросупер БС-98 а 1,00 денари.

Новата цена на литар Еуросупер БС – 95 ќе биде 82,00 денари, Еуросупер БС – 98 ќе чини 84,50, а Еуродизел БС (Д-Е V) 77,00 денари

Согласно одлуката на РКЕ, за 1,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое од полноќ ќе се продава за 76,50 денари.

Advertisements

Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,065 денари и килограм ќе чини 42,262 денари.