(ВИДЕО) Шокиран сум, вели Латас откако e обвинет за кривично дело за кое се лежи во затвор до 5 години

Жалам ако некого сум повредил или навредил, вели Драган Павловиќ Латас во изјава за Канал 5 што ја пренесе телевизијата во дневникот.

„За она што навистина се случило , ќе објаснам онаму каде што сум повикан од институциите, вели Латас.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, денеска како што објавивме претходно, поднесе обвинителен предлог против новинарот Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров за кривичното дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, дело за кое е предвидена затворска казна од 1 до 5 години.

Advertisements

„Двајцата обвинети преку компјутерски систем, ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста. Првиот обвинет, гостувајќи во интервју објавено на 14 февруари како поткаст на Јутјуб канал на вториот обвинет, јавно промовирал чин на полово насилство, евоцирајќи спомени од неговото наводно минато, без да изнесе морална осуда или каење, со тоа свесно промовирајќи го таквото насилничко однесување. Вториот обвинет, иако бил свесен за влијанието што го има содржината што ја емитува особено меѓу младата популација, сепак не го спречил или прекинал соговорникот, туку дополнително го наведувал со коментари и потпрашања да го прераскажува спорниот настан“, се вели во соопштението на ОЈО.