Пријави за поставени бомби во 32 скопски училишта и едно во Прилеп

Во 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп денеска се упатени дојави за бомби. Пријавите се пристигнати на електронските адреси на училиштата.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.

Advertisements