„Плачам, но морам да носам насмевка“ – ќерката на Синиша Михајловиќ одговори на ужасните пораки

Помладата ќерка на Синиша Михајловиќ, Вирџинија, објави потресно писмо на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, каде на своите следбеници им порача дека активно ќе се врати на оваа мрежа, со порака до сите критичари, кои и напишаа срамни и ужасни пораки.

Многумина ја критикуваа Вирџинија како може да објавува фотографии по смртта на нејзиниот татко, да се облекува убаво и да се шминка, да биде насмеана, а сега таа им фрли се во лице со порака дека само таа знае како се чувствува внатре кога срцето и душата и се искршени на парчиња.

Таа напомена дека мора да се врати во нормален живот заради својата ќерка, бидејќи го заслужува најдоброто можно детство. Исто така и нејзиниот сопруг кој беше со неа во најтешките моменти.

Advertisements

„Полека ќе се обидам да се вратам овде на Инстаграм, не затоа што сум добро, да бидам весела, среќна и безгрижна (особено за глупавите луѓе, кои за жал постојат), туку едноставно да си го одвлечам вниманието. Не дека Инстаграм може да ме одврати, кога во себе имаш срце и душа во парчиња (Виоланте е мојот спас секој ден), но може да ме натера да размислувам за полесни работи“, стои во коментарот на Вирџинија.

„Со оглед на тоа дека секогаш ќе се најде некој кој ќе се обиде да суди со коментарите „Го изгуби такото, а веќе се смее“, „Става стории на Инстаграм, јас не можев ни да станам од кревет“ , „Погледнете колку е во болка, веќе е нашминка и се облекува добро“, и би можела да продолжам… Само знајте дека вашите критики не ме допираат“, продолжува во коментарот помладата ќерка на Михајловиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virginia Mihajlović (@virgimih)

Понатаму таа вели дека „огромната празнина што ја чувствувам е тука, живее во мене, не ми дава моменти на мир, и нема насмевка на фотографија или фотографии објавени овде да ја дефинира мојата душевна состојба, нека биде јасно. Плачам, но потоа сум „приморана“ да ги избришам солзите и да носам насмевка, бидејќи имам ќерка која и покрај се заслужува да има среќна мајка“.

Вирџинија вели дека иако ќе биде тешко, ќе направи се за да и го подари на нејзината ќерка најубавото детство.

„Ќе биде тешко, но ќе направам се за да и го подарам на ќерка ми најубавото детство за кое можела да сонува, исто како она што го имав со мама и тато. Ќе се обидам да ја почувствувам болката одвнатре и да се покажам среќна дури и ако се е скршено внатре. И јас имам сопруг кој, после се што помина со мене и моето семејство, заслужува повеќе од било кој жена која може да плаче, да се одмори, да страда, но потоа да се врати и да продолжи да живее. Бидејќи животот е нешто друго, и покрај тоа што ви го прикажувам овде, засекогаш, мојот нефилтриран живот, јас секогаш претпочитав да ги задржам моите страдања за себе и ќе продолжам да го правам тоа. Никогаш нема да го видите овде. Ве сакам сите“, напиша Вирџинија Михајловиќ.