(ФОТО) Нов скандал во „Ѕвездите на гранд“ – уште еден член на жирито барал рушвет!?

Се вжештуваат  реакциите и обвинувањата за членови на жирито во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ дека барале пари од младите пејачи за да им овозможат полесно да поминат при гласањето и дека ова шоу е наместено.

Како што објавуваат српските медиуми во аферата е инволвиран и популарниот Драган Стојковиќ Босанац кој на овие обвинувања одговори ладнокрвно:

„Кога сите жени би објавиле што се сум барал од нив, а не сум добил и кога јас би објавил што тие барале од мене, а не добиле, е тоа би било за пишување“, изјави Босанац.

Advertisements

Аферата ја отвори исказ на пејач што настапувал во музичкото шоу, а тој доби поддршка и од неговата мајка која тврдеше дека славната Снежана Ѓурушиќ барала пари за да тој продолжи со натпреварувањето. Истиот натпреварувач изјавил и дека слушал од други натпреварувачи, конкретно од пејач кој се натпреварувал минатата сезона дека и Босанац барал рушвет. Станува збор за младиот натпреварувач Душан Вукадиновиќ.