(ФОТО) Моника Белучи најде нова љубов – „нема разум, има само емоции“

Италијанската актерка Моника Белучи најде нова љубов. Како што пишува Дејли Мејл, нејзин нов избраник е познатиот холивудски режисер, сценарист и продуцент Тим ​​Бартон.

Двојката првпат се запознала пред 16 години, но се вели дека почнале да се забавуваат откако се виделе на филмскиот фестивал Лумиер во Лион во октомври.

Advertisements

Моника (58), која беше почесен гостин на фестивалот, на Тим (64) му врачи награда за животно дело на сцената, во времето кога станаа пар.

„Paris Match“ пишува дека Моника и Тим „накратко се сретнале на скалите на Палатата на фестивалите во Кан во 2006 година, но дури шеснаесет години подоцна, зад сцената на друг фестивал, се зближиле“.

Моника е сингл откако се раздели со уметникот Николас Лефевр во 2019 година. Таа претходно беше во брак со Винсент Касел од 1997 до 2013 година.

Поранешната манекенка го запозна Касел во 1996 година на снимањето на филмот „Апартман“ на Жил Мимуни. Тие имаат две ќерки, Дева, која е родена во 2004 година и Леони, која е родена во 2010 година.

Тие беа заедно три години пред да се венчаат на тивка церемонија во Монако, на француската ривиера.

Моника зборуваше за љубовта во интервју за Paris Match во 2011 година, кога сè уште беше во брак со Касел, признавајќи дека за неа „нема рационалност“ кога се во прашање врските.

Таа рече: „Ме носи моментот и инстинктот. Нема разум, има само емоции. Ви се допаѓа или не ви се допаѓа“.

Новиот партнер на Моника, Тим Бартон зад себе има долга кариера во Холивуд, а најголем успех постигна со филмовите „Битлеџус“, „Бетмен“, „Чарли и фабриката за чоколади“, „Алиса во земјата на чудата“ и „Едвард Мазакоруки“. Инаку, од 2001 до 2014 година тој беше во врска со актерката Хелена Бонам Картер, која глумеше во многу негови филмови.