Повисоки сметки ќе плаќаат скопјани – поскапува водата

Водата за пиење за скопјани поскапува од предвидените 23,14 денари просечна тарифа по метар кубен на 26,36 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Ваква одлука донела Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на барањето на ЈП Водовод и канализација да се зголемат цените на услугите.

Зголемувањето на цената следува по доставено барање на „Водовод и канализација“ за зголемување на цената од 30 денари.

Првиот човек на РКЕ, Бислимоски информираше дека нивниот предлог е цената да се зголеми за 7 денари, а конечната одлука ја носи Советот на општината.

Advertisements

„РКЕ не носи конечна одлука за цена на водата. Советите во општините ги носат конечните одлуки. Јавните комунални претпријатија поднесуваат барање за одредување на цена до РКЕ, а ние им даваме минимална и максимална цена како опција. Овие предлог цени се врзани со трошоците, односно инвестициите во мрежата за да нема дефекти и да се модернизира. Која цена ќе биде на сила, одлучува Советот на општината“ вели претседателот Бислимоски.

Поскапува и услугата собирање и одведување на урбани отпадни води од предвидените 13,25 на 15 денари по метар кубен квадратен. Нова цена ќе има и прочистувањето на отпадни води, која наместо 0,86 ќе чини 0,87 денари годинава. И овие две давачки се на товар на жителите на главниот град со кои се формира конечната цена.