Ненадејно се влоши здравјето на хрватската музичка дива – поради неподносливи болки го откажа големиот концерт

Здравствената состојба на легендарната хрватска пејачка Јосипа Лисац ненадејно се влошила, а големиот концерт во Загреб е откажан, објавија хрватските медиуми.

Јосипа Лисац мораше да го откаже концертот што требаше да се одржи на 25 февруари во загрепската сала „Лисински“, а причината е нејзиното здравје.

Advertisements

Според официјалната Фејсбук страница на хрватската дива, неколку дена пред најавениот концерт претрпела големи болки предизвикани од ишијас.

Соопштението од нејзината официјална Фејсбук страница го пренесуваме во целост.

„Поради здравствената состојба саботниот концерт на Јосипа Лисац е одложен. Вториот загрепски концерт на Јосипа Лисац, кој требаше да се одржи во сабота, на 25 февруари, во концертната сала на Ватрослав Лисински, беше одложен поради здравствената состојба на нашиот најголем музички уметник. Со недели пред првиот концерт, како и на самиот настап во вторникот, на 21 февруари, Јосипа трпеше значителни болки предизвикани од ишијас, за што неколку пати се пошегува. По концертот, на кој пристигна потпомогната со бастун, ситуацијата за жал толку се влоши што моментално не може на публиката да и го даде настапот што го заслужува. Новиот датум на концертот во Загреб ќе биде објавен наскоро. Секако, купените влезници ќе важат и за тој нов датум, а на сите што не им се допаѓаат ќе можат веднаш да им се вратат парите“, се вели во соопштението.