(ФОТО+ВИДЕО) Штајнмајер не случајно го бендиса македонскиот рубин – овој скапоцен камен го имаат моќни и славни личности

Претседателот Стево Пендаровски и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер денеска ја посетија Старата скопска чаршија, како културно-историски дел од Скопје и симбол на македонското мултиетничко општество.

Двајцата претседатели посетија работилница за филигран и се запознаа со начинот на изработка на уникатен накит, а каде неизоставен дел беа и експонати на македонскиот рубин.

Познавачите велат дека македонскиот рубин станува елитен производ речиси без конкуренција кога е во прашање македонското јувелирство. Македонскиот рубин велат се наоѓа во колекцијата со накит на холивудските актерки Дерил Хана и Кетрин Денев. Вграден е во крстот на Папата Бенедикт XVI и на Папата Франциск. Го има и Емирот од Катар, но и уште многу престижни имиња од културниот и општествениот живот.

Advertisements

Откако двајцата претседатели го напуштија дуќанот со рубини се упатија кон Сули ан каде поразговараа со студенти од Факултетот за ликовни уметности, при УКИМ и посетија едно од ателјеата каде се одржува нивната настава.

Претседателите Пендаровски и Штајнмајер престојуваа и во Националната галерија Чифте Амам, каде што се сретнаа со Хатиџе Муратова и проследија инсерти од филмот „Медена Земја“.

Претседателот Стево Пендаровски е домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.