Легендарниот Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање во 2013 година, а оттогаш многу малку се знае за неговото здравје.
Семејството го држи далеку од очите на јавноста и оттогаш никој не го видел.
Сепак, во новите епизоди на документарната серија на Нетфликс “Drive to Survive“, која детално опишува и открива непознати детали од животот на сегашните и поранешните возачи на Формула 1, објавени се досега невидени фотографии од Михаел Шумахер.
This is the best thing from Drive to Survive. Max Verstappen and Mick Schumacher on Michael Schumacher’s knee! pic.twitter.com/V6T9h8B6Gp
— Matt (@Mattisamazing33) February 25, 2023
Германецот се појавува во епизода во која во преден план е неговиот син Мик. Тука е и актуелниот светски шампион Макс Верстапен, како момче што седи во скутот на легендарниот Германец.
Макс е син на легендарниот возач Јос Верстапен кој имал многу добри односи со Шумахер, па не е ни чудо зошто го запознал во детството.
„Заедно одевме на празници кога бевме мали, двете семејства и тие спомени секогаш ќе ми останат во сеќавање“, изјави Верстапен.
These snaps of Michael Schumacher and Max Verstappen are just too damn cute.
? https://t.co/kFsKreZigX pic.twitter.com/wXHakxyhgo— James McKern (@jLmcKern) February 24, 2023