Куче спасено 25 дена по земјотресот во Турција, го нашле и телото на сопственикот

Во турскиот град Хатај, еден од најтешко погодените од двата разорни земјотреси на 6 февруари, куче е извлечено од урнатините 25 дена по земјотресот.

Како што работеле службите на отстранување на урнатините во Антакија, Хатај, кога слушнале глас под една од урнатините, по што следела потрага.

По успешната операција на екипите за пребарување и спасување, 25 дена по разорните земјотреси, од под урнатините успешно е извлечено куче териер.

Advertisements

Утврдено е дека кучето успеало да најде храна под урнатините, каде било затворено и така преживеало.

 

Откако е извлечено од под урнатините, кучето е пренесено во ветеринарна клиника, јавува Анадолија.

При отстранување на урнатините, на истата локација е пронајдено и тело на лице за кое се претпоставува дека е сопственик на спасеното куче.

Во Турција и Сирија во земјотресите на 6 февруари загинаа повеќе од 50.000 луѓе, според податоците објавени од агенцијата Франс прес.

На почетокот на неделава турски спасувачи, под надзор на ветеринари, од урнатините извлекоа коњ кој помина 21 ден заробен во зграда во Адијаман.