(ФОТО) Во Париз ја ограбиле познатата хрватска навивачка – „сé ми земаа, што ќе облечам вечерва?“

Најпознатата хрватска навивачка Ивана Нол откри дека била ограбена по слетувањето во Париз и дека и останало малку, бидејќи крадците и ги украле вредните фустани и облека.

Девојката која доминираше на стадионите во Катар, а на Инстаграм ја следат над 3.500.000 следбеници, за британски „The Sun“ објасни дека останала без еден куфер.

– Само што пристигнав, а веќе успеаја да ми украдат еден мал куфер. Секогаш сум добредојдена на крадците во Париз – напиша Нол на социјалните мрежи, а потоа на своите фанови им откри повеќе детали за драматичната ситуација.

Advertisements

– Поздрав од Париз, само да ве известам дека сум добро. Едноставно ме ограбија како што обично се случува овде. Последен пат кога пристигнав ми ја земаа чантата и паричникот, а сега и куферот. Ми ја земаа целата облека, не знам што ќе облечам вечерва. Но, нека им е на чест – вели Нол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Knöll (@knolldoll)