Србија во Ливерпул ќе ја претставува Лук Блек со песната „ Само ми се спие“.
Годинешниот избор за песна на Евровизија во Србија заврши нешто по полноќ, откако жирито и публиката гласаа.
Настапија 16 натпреварувачи. Песната на Лук Блек и настапот доби многу позитивни критики. Евровизиските фанови очекуваат добар пласман на Србија.
„Од првата секунда до 2:57 го задржува вниманието, парализира, како Конструкта лани. Факт е дека стилот на песната „Lane moje“ е нешто што генерално не разликува нас, но таа Евровизија одамна престана да постои и сега дојде време за нови моменти. Можеме да направиме нешто со оваа песна ако ризикуваме да продолжи понатаму. За останатите предвидувам високо 17 место, како што вообичаено правиме последниве години“, вака коментираат фанови на видеото објавено пред самиот избор.