(ВИДЕО) Трагедија на концерт: Падна на сцената, за кратко почина – публиката аплаудираше, не знаеше за лошата вест

Познатиот рапер Коста Тич (28) почина откако колабира на сцената среде концерт на „Ултра мјузик фестивал“ во Јоханесбург.

Видеото, кое ја вознемири јавноста „Дејли мејл“ не сакаше да го објави во целост. На снимката се гледа како Тич, чие вистинско име е Константинос Тцобаноглу, се сопнува на сцената и се оддалечува од толпата пред да ја заврши песната.

Advertisements

Младиот пејач наеднаш паѓа. Публиката продолжува да аплаудира, додека обезбедувањето и другите членови на тимот да сфатат што всушност се случува.

Тој веднаш бил префрлен во болница.