Се формира нова албанска партија „Национално самоопределување“, ќе ја предводи Невзат Дервиши

На албанската политичка сцена во Македонија се формира нов политички субјект, со име Национално самоопределување (НС), која ќе биде предводена од политикологот Невзат Дервиши, пишува порталот на албански јазик Лидери.мк.

Според порталот, лидерот на новата партија навестува сосема нова идеологија на албанската политичка сцена во Македонија.

Advertisements

Посебен акцент става на процесот на одлучување, еднаквоста и братската соработка со сите албански партии во земјата. Според него, со Националното самоопределување, албанскиот народ во Северна Македонија ќе ги постави темелите на внатрешното самоопределување во државата, со право на одлучување на сите нивоа на државната власт, пишува Лидери.мк.

„Сакам да го известам албанскиот народ на Северна Македонија, дека со Националното самоопределување, на народот ќе му се даде можноста да ги постави темелите на внатрешното самоопределување во државата со право на одлучување, спроведувајќи го во пракса механизмот на Институтот на контрапотписи. Во Северна Македонија, како држава со две најголеми етнички заедници, единствена формула е еднаквоста на сите државни нивоа“, вели Дервиши.

Тој, пишува порталот, забележува само две фундаментални точки на Националното самоопределување, како што е супстанцијалната промена на политичкиот систем во Северна Македонија во процесот на одлучување.

„Национално самоопределување има сосема спротивни гледни точки од другите партии. Таа доаѓа како нова албанска идеологија, забележувајќи две од фундаменталните точки на нејзината платформа, како што е супстанцијалната промена на политичкиот систем и процес на одлучување, како клуч за еднаквоста во државата. Затоа, не постои пат кој води до Самоопределување, Самоопределувањето е самиот пат“, изјави Дервиши кој го повикува албанскиот народ во Северна Македонија, масовно да се приклучи на овој неповратен национален проект, кој ќе биде, како што вели, бескомпромисен во однос на еднаквоста во државата и ќе го носи името – Национално самоопределување (НС).