Ковачевски: Со новите пониски цени на млекото и тестенините ќе се олесни семејниот буџет

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски денес беа во посета на супер маркетот „Рамстор“ во населбата Капиштец, за да проверат дали дали цените на тестенините и млечните се пониски за 15, односно 10 отсто.

„Можевме да се увериме дека одлуката за намалување на цените се почитува од страна на производителите и од страна на троговците, и можевме да видиме дека се однесува како на цената на лебот, но има намалување и на цените на тестенините и на млечните производи. Ова сметаме дека ќе придонесе за олеснување на семејниот буџет на граѓаните. Нема да дозволиме личен профит врз грбот на граѓаните. Очекувам компаниите да имаат разбирање за општото добро. Владата продолжува да го штити стандардот и интересот на граѓаните“, изјави Ковачевски.

Advertisements

Министерот за економија Крешник Бектеши, пак, рече дека во април се очекуваат нови мерки на владата.

„Мерките ќе ги дефинираме со министерот за финансии и премиерот. Оваа криза нема да биде на грб на граѓаните. Ние ќе се откажеме од давачки, компаниите од профити“, истакна тој.

При обиколката на маркетот, премиерот Ковачевски испазари млеко, леб, макарони. Откако со Бектеши ги разгледа цените, тој купи две пакетчиња макарони, сирење и урда. За целата сметка плати 328 денари.