Државниот пазарен инспекторат казнил трговски објект со 7.000 евра затоа што не ја почитувал мерката за замрзнување на лебот на 33 денари, објави на својот Фејсбук профил директорот Горан Трајковски.
„Извршени се над 100 надзори и контроли, повеќето трговци ги почитуваат Одлуките, освен еден економски субјект, каде е утврдено дека е прекршена Одлуката за замрзнување на цената на лебот до 33 денари, за што е издаден прекршочен платен налог во вредност од 7000 евра за правното лице и 350 евра за одговорното лице.
Инспекторите и понатаму се на терен и вршат контроли по основ на Одлуките донесени од Владата“, пишува Трајковски на Фејсбук.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Светскиот бренд IWG отвори флексибилни работни канцеларии во Скопје
Џонсон Мети произведе 150 милиони производи во фабриката во Скопје
Државната каса во 2025 година ќе има 6,5 милијарди евра - нема да се расфрлаат пари за меб...
Парите од унгарскиот кредит ќе легнат на сметката на Развојната банка, а ќе бидат достапни...
Се очекува уште едно намалување на цените на храната