Вратен долг од 5,5 милиони евра, исплатени јубилејни награди и 4.000 денари плус за вработените во општина Карпош

Зголемување на платите за 4.000 денари, во бруто износ, ќе добијат вработените во општина Карпош, информираше преку својот Фејсбук профил градоначалникот Стевчо Јакимовски.

„На 23-тата седница на Советот на Општина Карпош едногласно беше изгласана Завршната сметка на Буџетот на општина Карпош за 2022 година. Општината никогаш не била поликвидна. Вратени се сите пет и пол милиони евра долг. Во моментот се исплатени сите фактури од јануари и февруари 2023 година. Прв пат од постоењето на општина Карпош исплатени се и јубилејни награди. Од овој месец зголемени се и платите на вработените за 4.000 денари бруто износ. Продолжуваме со реализирање ветените проекти“, пишува градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.