Битиќи најавува дека 2024 ќе биде година со позитивен економски тренд

Тековната 2023 година ќе ја преполовиме инфлацијата, додека 2024-та, ќе биде година на економско закрепнување со позитивен економски тренд, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „Што мисли народот“, која се емитува на ТВ Стар од Штип.

Вицепремиерот Битиќи рече дека во Европа каде што ние припаѓаме, поточно во земјите на Европска Унија (ЕУ) и земјите аспиранти, заклучокот е еден, дека добро се справивме со енергетската, и економската криза и дека тоа ќе има ефект во намалување на инфлацијата, не само кај нас туке секаде во Европа.

„Инфлацијата кај нас е увезена, затоа што побургу закрепнат економиите во земјите членки на ЕУ толку бргу и ние ќе закрепнеме. Нашето предвидување е дека оваа година ќе ја преполовиме инфлацијата од таа што ја имавме минатата година, и ако не се случат големи непредвидливи случувања со војната во Украина, оваа година ќе имаме закрепнување, додека предвидувањата за 2024 година се дека сите економии, особено тие со кои сме увозно и извозно зависни ќе закрепнат, вклучително и нашата“, изјави Битиќи и додаде дека политичките превирања во земјава, особено тие за дневно политички поени, го спречуваат побрзото закрепнување на нашата економија.

Advertisements