Просечната нето плата за една година се зголемила за 13,2 отсто

Просечната месечна нето плата во јануари годинава изнесувала 33.943 денари и во однос на истиот месец лани е зголемена за 13,2 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен на годишно ниво во секторите Транспорт и складирање (23,4 отсто, Градежништво (20,9 отсто) и Информации и комуникации (17,3 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на декември 2022 година е забележано во секторите: Градежништво (5,1 отсто), Преработувачка индустрија (5 отсто) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5 отсто).

Advertisements

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2023 година, изнесува 50 837 денари.