Љупчо Костадиновски, татко на 26 годишното момче Самоил Костадиновски, кое беше киднапирано пред речиси 20 дена, а Обвинителството отвори истрага за случајот во изјава за А1 он вели дека нудат и парична награда за информација во врска со исчезнувањето на неговиот син.
Такото исто така вели дека засега немаат никаква информација ниту од Обвинителството кое неодамна осомничи двајца за грабнувањето на Самоил, а нема абер, ниту од неговите пријатели.
„Молк од сите страни, а него се уште го нема. Не изгубив точак, изгубив дете и се што барам е информација што се случило и каде е мојот син“, вели Љупчо Костадиновски.
Самоил Костадиновски за исчезнат беше пријавен од неговиот брат. Информации за исчезнувањето на Костадиновски во медиумите се појавија на 6 март откако претходно на социјалните мрежи почнаа да кружат повици тој да биде пронајден бидејќи му се губи секаква трага.
Според објавите на социјалните мрежи од негови блиски, тој бил киднапиран во близина на чешката амбасада во Скопје.
Тој е внук од братот на Виолета, сопруга на Љубе Бошкоски.