Ибрахимовиќ: Јас сум минатото, сегашноста и иднината на шведската репрезентација

Фудбалската репрезентација на Шведска го дочека враќањето на 42-годишниот Златан Ибрахимовиќ по повредата на коленото во пресрет на воведниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. Тој во свој стил се прогласи за минато, сегашност и иднина на шведската репрезентација.

Ибрахимовиќ неодамна се врати од 14-месечно отсуство поради повреда и постигна гол од пенал за Милан против Удинезе. Со тој гол, тој стана најстариот играч кој некогаш постигнал гол во италијанската Серија А.

Сега се фокусира на првиот квалификациски натпревар за ЕП, кој Шведска ќе го одигра против Белгија.

Advertisements

Запрашан дали има намера следната година да продолжи да игра на ЕУРО во Германија, Ибра даде одговор кој го потсетува на неговите многу помлади денови.

„Доколку се чувствувам добро и тренерот ме избере, ќе му помогнам нему, на тимот и на земјата да го дадат максимумот. Затоа, мислам дека на мои години не можете да размислувате за иднината, размислувате за сегашноста – дури и да сум минато, сегашност и иднина“, рече тој со иронична насмевка.

Напаѓачот, кој е најдобар стрелец на Шведска со 62 гола на 121 натпревар, откри дека имал три операции на коленото во изминатите 14 месеци.

„Во суштина, коленото ми беше отечено осум, девет месеци, но потоа одеднаш се случи нешто пред еден месец и оттогаш се стана позитивно и од тоа добив енергија“, објасни тој на прес-конференцијата.

Минатата сабота, Ибрахимовиќ беше капитен на Милан против Удинезе во неговиот прв старт по повредата, иако неговиот погодок од пенал претставуваше пресвртница во неговата кариера, радоста му беше намалена поради фактот што натпреварот заврши 3-1 за противникот.