Градоначалникот на Тетово, Билал Касами на својот Фејсбук профил објави две фотографии од пречек на делегација на градоначалници-Албанци од косовски и српски општини и напиша „добредојдовте во главниот град на Албанците во Северна Македонија“.
На објавата на Касами реагираше и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.
„Тетово е еден убав македонски град во кој живеат и коегзистираат различни народи, култури и религии, како негово богатство. А, доколку некој сака да го прогласи за главен по нешто, добро е да појде од тоа со кое стварно предводи и е главен дури и на ниво на цел Балкан, односно по урбаниот хаос и мафија, по отсуството на елементарно зеленило, парк и спортски содржини, како и целосната закоравеност и затвореност на Општината за граѓанска вклученост, современи проекти и промени, и нејзина посветеност исклучиво на популизам и квази национализам од кои на секој пристоен човек му се гади“, пишува на својот Фејсбук профил Сотировски.