Голема радост во домот на Ѓоковиќ – бебето пристигна, му дадоа преубаво име

Братот на Новак Ѓоковиќ доби син. Сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, поранешната водителка Сашка Веселинов се породи денеска, роди момче кое ќе го носи името Александар.

Името Александар преведено од грчки значи „оној кој е заштитник на луѓето“.

Ѓорѓе и Сашка се венчаа во средината на септември минатата година и имаа луксузна прослава на две локации во Белград и во Црна Гора на плажа.

Advertisements

„Ѓоле ме прави среќна на секој можен начин и ништо не му е тешко да направи за мене. Навистина ми е целосно посветен и благодарна сум што имам таков партнер“, изјави снаата на Новак во една прилика.