Го нарекоа крал на пропаднати бракови – Борис Новковиќ четири пати се заколна на вечна љубов

Пејачот Борис Новковиќ (55) и неговата дваесет и пет години помлада сопруга Ајрис Волф очигледно не успеале да го спасат бракот.

Како што пишуваат хрватските медиуми, уште во септември лани се навестувало дека бракот им западнал во голема криза кога донеле одлука да живеат одвоено. Сепак, тие успеаја да ги надминат проблемите, а раѓањето на синот Нео во 2021 година ја зацврсти нивната врска, барем на кратко.

И покрај сите напори не успеале да преживеат како брачна двојка, тврдат хрватските медиуми и истакнуваат дека манекенката од поштенското сандаче на вратата од зградата во Загреб го тргнала презимето Новковиќ, кое стоело до Волф.

Advertisements

Бидејќи ова е четврти развод на Новковиќ, хрватските медиуми му ја доделија неофицијалната титула крал на пропаднатите бракови бидејќи за триесет години имал четири брака.

Пејачот за прв пат го кажа судбоносното „да“ со актерката Бојана Грегориќ Вејзовиќ со која мина пет години во брак. Потоа се ожени со новинарката Луција Матиќ, со која ги добија синовите Ноа и Боно. По трет пат и се заколна на својата вечна љубов на Инес Катиќ со која беше во брак само пет месеци.