Во 2021 година, Даниел Крег бил прашан што мисли за ликот на женски Бонд.
Toj во интервју за „Radio Times“ рекол:
„Одговорот на тоа е многу едноставен. Едноставно би требало да постојат подобри улоги за жени и обоени актерки. Зошто жена би го играла Џејмс Бонд кога би требало да постои улога подеднакво добра како Џејмс Бонд, но за жена?“.
Синот на Роџер Мур верува дека само маж треба да го глуми Џејмс Бонд.
Кој ќе ја преземе улогата на легендарниот британски шпион е актуелна тема уште откако Даниел Крег најави дека се повлекува по „No Time To Die“, а сега за изборот на новиот Бонд се огласи и Џефри Мур.
Џефри, чиј татко го глумеше тајниот агент 007 во бројни филмови, вклучувајќи ги „A View To Kill“ и „Live And Let Die“ бил прашан дали улогата некогаш треба да ѝ се препушти на жена.
„Па, тоа тогаш повеќе не е Џејмс Бонд. Мислам, би можела да биде 006, 008 или 009…“, изјавил тој за „Express“.
И додека Лашана Линч веќе го доби славното кодно име во „No Time To Die“, Џефри и понатаму мисли дека тоа довело до забуни помеѓу публиката.
„Мислам дека ова беше забуна во минатиот Бонд. Дека таа беше 007 и потоа додаде:
„Морам да му го вратам ова на Бонд, беше негов број’“, рекол тој.
Меѓутоа, синот на Роџер Мур сугерирал дека сценаристите и студиото би можеле да создадат лик „Џејн или Џемајма Бонд“ за жени.
Кога го прашале за тоа дека се повеќе жени се појавуваат во акциски филмови, одговорил:
„Ако ја погледнете Шарлиз Терон во „Atomic Blonde“… мислам, жените тоа сигурно можат да го изведат и да одглумат врвни сцени на борби“.