(Фото) Љубовницата на Путин излезе во јавност – Кабаева не одговори дали рускиот претседател паднал по скали

Љубовницата на рускиот претседател Владимир Путин Алина Кабаева која многу ретко се појавува во јавноста денеска конечно излезе пред камерите и отвори Академијата за ритмичка гимнастика во Сочи, јавуваат руските медиуми.

Триесет и деветгодишната олимписка ѕвезда, освојувачката на златен медал при отворањето на центарот за гимнастика избегна да го спомене Путин (70), по пишувањата на медиумите дека се лизнал по скалите на неговата резиденција во Москва, а и дека боледува од рак.

Академијата за ритмичка гимнастика која ја отвори познатата гимнастичарка го носи нејзино име, а комплексот се наоѓа на брегот на Црното Море до Олимпискиот стадион.

Advertisements

На настанот Кабаева се појави во црн дводелен костум и бели патики.