(ВИДЕО) Вучиќ сакаше да се покаже додека играше билјард со Орбан, но промаши и се посрами

Во посета на Србија се унгарскиот премиер Виктор Орбан и министерот за надворешни работи Петер Сијарто. По разговорот, Орбан и српскиот претседател Александар Вучиќ одиграа и партија билјард.

„По три и пол часа разговор за сите стратешки прашања на соработката меѓу Унгарија и Србија, одиграв пријателска игра билијард со Орбан. Горд на пријателството меѓу Србите и Унгарците и благодарен на Виктор Орбан што вложи многу труд и енергија тоа пријателство да биде суштинско и искрено“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Победникот на оваа игра билијард не е објавен.

Advertisements

На социјалните мрежи се појави снимка од играта помеѓу Орбан и Вучиќ, на која може да се види дека претседателот на Србија во еден момент го стави стапот зад грб, седна на масата и на тој начин се обиде да ја удри сината топка и да ја внесе во дупката. За жал, промаши.

Ставањето на стапот зад грб се смета за непристојно и несмасно движење во блијардските кругови. Некои експерти го избегнуваат, а други играат послаба рака во такви ситуации.