На концерт на групата „Ганс енд Роузс“ била повредена една жена во публиката од Аделаида, Австралија и тоа во моментот кога пејачот Ексл Роуз го фрлил микрофонот и ја удрил во лицето.
Жената по име Ребека Хоу има модринки под очите и гребнатинки на носот по инцидентот во Аделаида што се случи во вторникот вечерта, пишува Adelaide Advertiser.
Пејачот го фрлил микрофон во публиката по последната песна на бендот и ја погодил Хау, која прокрварила и од носот.
– Тоа се случи на последната песна „Take Me Down To Paradise City“. Што ако удреше неколку сантиметри десно или лево? Можев окото да го изгубам. Што ако ме удреше во устата и ми ги скршеше забите? Ако главата ми беше свртена и ме удреше во слепоочницата, можеше и да ме убие“, вели повредената жена.
#Exclusive: 10 News First has obtained footage of the moment @gunsnroses frontman Axl Rose catapulted his microphone into the crowd, injuring concert-goer Rebecca Howe. pic.twitter.com/kyag0VKLMB
— 10 News First Adelaide (@10NewsFirstAdl) December 1, 2022