Ова се овошјата и зеленчуците на кои ќе им се замрзне цената – се повикуваат граѓаните да ја дополнат листата

Министерот за економија Крешник Бектеши преку својот Фејсбук профил најави дека утре ќе биде донесена одлука за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, притоа откривајќи дека се работи за домати, краставици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон.

„Анализите се завршени. Утре се определуваат највисоки цени за ДОМАТИ, КРАСТАВИЦИ, КРОМИД, КАРФИОЛ, ПИПЕРКИ, ГРАВ, ЛЕЌА, БАНАНИ, ПОРТОКАЛИ, МАНДАРИНИ, ЛИМОН!

Ги повикувам граѓаните да дадат исто така придонес во делот на дополнување на листата на производи како и на цените на кои тие сметаат дека треба да се замрзнат во делот на овошје и зеленчук или други производи! Се грижиме ЗАЕДНО!“, пишува Бектеши.

Advertisements