Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарстсво и водостопанство на социјалната мрежа Фејсбук објави дека по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост во организација на Counrty side и Europe House Крива Паланка, годишните дневници ќе ги донира на Country side.
– Лицата со попреченост имаат право на еднакви можности за развој, за живот без бариери и дискриминација. Наша задача е колку што можеме да им го олесниме патот до развојот и до еднаквиот пристап во сите процеси. За таа цел, заедно со мојата сопруга присуствуваме на настан по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост во организација на Counrty side и Europe House Крива Паланка, објави на Фејсбук Николовски.