Ќе поевтинат 11 видови овошје и зеленчук – ова се новите цени

Владата денеска ја донесе Одлуката со која се замрзнуваат цените на 11 видови овошје и зеленчук, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши.

Со Одлуката се утврдени максималните цени на доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот, кои ќе важи од 5 април до крајот на месецов.

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, свежите домати ќе чинат максимум 70 денари, краставиците 75, кромидот 60, карфиолот 70, пиперот 90, гравот 75, леќата 110, бананите 70, портокалите 55, мандарините 60 и лимонот 55 денари.

Advertisements

„Ги уверувам граѓаните дека согласно сите анализи, цените, посебно на прехранбените производи и енергенсите, целосно се стабилизирани и имаат надолен тренд, на намалување“, истакна Бектеши.