Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Рисковска во интервју за Телма вечерва порача дека борбата против корупцијата во земјава треба да ја извојуваме ние како држава, а дека нема некоја голема полза од таканаречените црни листи за корумпираните политичари. Целта ми беше да ставам темели на една правна држава, а не каква било позиција или фотелја, рече обвинителката.
„Што му фали на Груевски затоа што е на црна листа?“ – додаде Русковска.
Обвинителката зборуваше и за неодамнешната одлука на дисциплинската комисија на Обвинителството која бара нејзино разрешување од обвинителска функција и најави жалба.Таа изјави и дека била разрешена од функцијата затоа што отворила истрага против тогашниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
„Едноставно не сфатија дека мене не ми беше важно функцијата и фотелјата. Јас сама се изборив за позицијата шеф на обвинителството за борба против организиран криминал од причина што сакав да почнам да ставам темели на една правна држава. Сите знаеме во каква состојба беше тоа обвинителство, едноставно не немаше на мапа. И затоа не се каам што тогаш не го прифатив тој предлог“, вели обвинителката Русковска.
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност тврди дека Русковска сторила тешка дисциплинска повреда.
„Не сум изненадена од одлуката на дисциплинската комисија. Мене ми понудија да ме изберат за заменик републички обвинители. Кога не прифатив го зголемија влогот. Покрај тоа ми понудија од сестра ми синот кој е обвинител во Куманово да биде избран за вишото обвинителство во Скопје“, рече Русковска.
За поранешната основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е утврдено дека е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство и Комисијата одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување до Советот на јавните обвинители“, информира неодамна Јавното обвинителство.
Пропустот на Русковска поради кој беше пријавена од поранешниот директор на Финасиската полиција Арафат Муареми се однесува на истрага и претреси во кабинетот на Муареми и во финансиската полиција.
Обвинителката Русковска ја отвори истрагата лани во јули поради пријавени сомнежи за злоупотреби на Муареми во финансиската полиција, но тој ја пријави за дисциплински повреди и победи пред дисциплинската комисија на обвинителството.