Ако патувате во Грција со деца, внимавајте: За оваа грешка казната достигнува и до 1.500 евра

Родителите кои летово планираат патување во Грција треба да бидат особено внимателни, бидејќи прекршувањето на одредени сообраќајни и здравствени прописи може скапо да ги чини.

На страницата „Грција Инфо“ неодамна беше објавено предупредување за строгите казни поврзани со пушењето во автомобил во присуство на деца.

Според важечките правила во Грција, доколку во возилото има дете помладо од 12 години, пушењето е строго забрането. За прекршување на ова правило може да биде изречена парична казна до 1.500 евра.

Казната се однесува на лицето кое пуши, но одговорност сноси и возачот на возилото. Во одредени случаи, возачот може да остане и без возачка дозвола доколку не го спречил пушењето во присуство на детето.

Важно е да се напомене дека законот важи без разлика дали прозорците на автомобилот се отворени или патувањето трае кратко време.

Поради тоа, сите кои патуваат со деца во Грција се советуваат однапред да се информираат за локалните прописи и да ги почитуваат правилата за да избегнат непријатности и високи казни.

Advertisements