Алкохолни пијалоци кои предизвикуваат најлош мамурлак

Главоболка од црвено вино или пиво, мачнина од жестоко… Повеќето од луѓето барем еднаш во животот доживеале мамурлак со гадење и мачнина, а тоа го припишуваат не на количината кој е испиена, туку на видот на алкохолот кој се конзумира. Звучи чудно, но оваа теорија не треба да се отфрли.

Научниците објаснија кои пијалоци предизвикуваат најголем мамурлак. Целиот алкохол предизвикува дехидрација, а исто така и секој предизвикува мамурлак, но неговата јачина зависи од нуспроизводите од ферментацијата што се наоѓаат во чашата со пијалок што ја пиеме. Тие им даваат боја и вкус на пијалоците, но нашиот црн дроб тешко ги разградува.

Advertisements

Квасецот произведува одредени хемикалии за време на ферментацијата, а производителот на пиво и винарот немаат голема контрола врз нивната количина. И покрај тоа, пивото нема многу од овие хемикалии, но жестоките пијалоци ги содржат.

Зошто дестилериите можат да го контролираат количеството на овие хемикалии? Производителите на жестоки пијалови ја загреваат течноста, па некои испаруваат, додека други остануваат, во зависност од температурата или бројот на постапки на дестилација и филтрирање.

Така, овие хемикалии најмногу ги има во потемните жестоки пијалаци, додека ги нема во водката и џинот. Најголемо количество има во ракијата, потоа вискито и црвеното вино, кои организмор и потешко ги вари.

Но, хемикалиите оставени по ферментацијата не се единствениот фактор што придонесува за сериозноста на мамурлакот. Јаглерод диоксидот во шампањот и другите пенливи пијалоци му помага на алкохолот побрзо да влезе во крвотокот. Уште полошо е ако се пие на празен стомак.

Научниците исто така го отфрлија митот дека евтините пијалоци предизвикуваат полош мамурлак. Со оглед на сето погоре, ова не е точно. Не е точно ниту мислењето дека пијалоците во комбинација со сок или шеќер предизвикуваат посилен мамурлак, бидејќи телото побрзо го вари шеќерот од алкохолот.

Значи, ако планирате забава, почнете полека со лесни пијалоци кои немаат нуспроизводи од ферментација, како бело вино, пиво, вотка или џин. Бидете умерени, пијте полека, хидратирајте се и јадете добро.